Обвинение за прилепчани кои краделе во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог со кој се опфатени двајца прилепчани на возраст од 47 и 46 години за сторени две кривични дела –Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Како соизвршители, обвинетите во неколку наврати со провалување во затворени простории, одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.
На 9 март 2020 година со употреба на погоден клуч-калауз во 10.00 часот провалиле во стан на бул. „Јане Сандански“ во Скопје. Од таму одзеле предмети и пари во вкупна вредност од 171.300,00 денари од кои златни парчиња накит во вредност од 103.550,00 денари и парични средства во вредност од 67.750,00 денари.
Дента, на ист начин, околу 11.30 часот провалиле во стан во близина, каде одзеле златен накит во вредност од 91.350,00 денари и парични средства во висина од 49.200,00 денари, се во вкупна вредност од 140.550,00 денари. Јавниот обвинител ги зеде предвид околностите во кои биле извршени кривичните дела, како и постоењето на опасност од бегство или криење на обвинетите, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерките притвор,кои на обвинетите претходно им беа веќе определени.