Правдико

   

Обвинение за противправно лишување од слобода на државјанка на Италија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против две лица, на возраст од 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 во врска со член 22 во врска со член 45  од Кривичниот законик.

Обвинителството ги товари обвинетите соизвршители дека на 3 јули 2020 година  противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на оштетената, државјанка на Република Италија. Првообвинетиот кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второобвинетиот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, тие ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се одалечиле во непознат правец. Настанот бил пријавен од  Амбасадата на Република Италија, по што двајцата обвинети биле пронајдени и лишени од слобода.

Поради постоење на опасност од бегство на обвинетите, како и можност да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид заедно со обвинението достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.

Партнери на Правдико