Обвинение за противправно лишување од слобода | Правдико

Правдико

   

Обвинение за противправно лишување од слобода

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторени кривични дела Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, државјанин на Босна и Херцеговина, при вршење семејно насилство телесно ја повредил и противправно ја држел затворена оштетената со која живеел во вонбрачна заедница во Кралството Шведска . Обвинетиот и оштетената во мај 2019 дошле во Република Северна Македонија за да склучат брак. Зеле под закуп стан во Скопје во кој обвинетиот, вечерта на 23 мај во 23.00 часот, ја заклучил оштетената по што го фрлил клучот и го одзел мобилните телефони за жртвата да не може да бара помош. Потоа започнал да ја удира и турка оштетената. Поради дејствијата на обвинетиот кои траеле до 5.30 часот изутрината, оштетената се здобила со видливи повреди по телото.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор, која беше определена од страна на Судија на претходна постапка на 25 мај 2019 година.

Препорачуваме

Партнери на Правдико