Обвинение за разбојник што украл златен накит и пари од три жени во Скопје | Правдико

Правдико

   

Обвинение за разбојник што украл златен накит и пари од три жени во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопското Основно јавно обвинителство до Основниот кривичен суд поднесе обвинение против едно лице за продолжено кривично дело тешка кражба.

Искористувајќи слични околности, тој во текот на септември сторил повеќе дејства кои претставуваат повеќекратно сторување на истото кривично дело.

На 26 септември, на улицата Алжирска, од една оштетена одзел женска чанта во која имало паричник со пари и други предмети во вкупна вредност од 36.200 денари. Обвинетиот влегол во домот на оштетената низ влезната врата, ја турнал, ѝ ја одзел чантата и избегал.

Истиот ден, на пешачката патека на улицата Теодосиј Гологанов, обвинетиот на дрзок начин одзел две синџирчиња од една оштетена – златно синџирче со приврзок монета во вредност од 6.500 денари и едно синџирче бижутерија вредно 2.000 денари. На разминување на патеката тој со раката насилно ѝ ги грабнал синџирчињата што оштетената ги носела околу вратот и избегал.

На 30 септември, на автобуска постојка на булеварот Партизански одреди, обвинетиот на дрзок начин одзел златно синџирче вредно 30.000 денари, така што насилно го грабнал од вратот на оштетената и го напуштил местото.

Јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико