Правдико

   

Обвинение за разбојништвото во казино во Неготино

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против 24-годишен жител на Неготино поради сторено кривично дело разбојништво.

На обвинетиот му се става на товар дека на 26.12.2019 година, околу 8 часот, со маска на глaвата влегол од споредниот заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож му се заканил на оштетениот – вработен барајќи да му бидат дадени парите од казиното. Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде што се наоѓале парите, при што обвинетиот ја отворил касата и ги зел парите во износ од 324.700 денари.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постојат околности што го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе се даде во бегство, ќе го повтори кривичното дело и дека може да влијае врз сведоците, па до Основниот суд Велес заедно со обвинението достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико