Обвинение за шверцер на 40 мигранти од Авганистан и од Пакистан | Правдико

Правдико

   

Обвинение за шверцер на 40 мигранти од Авганистан и од Пакистан

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице за криумчарење мигранти предвидено и казниво по член 418-б, став 2 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот на 26 февруари на претходно договорено место во близина на македонско-грчката граница, прифатил 36 мигранти од Авганистан и четири мигранти од Пакистан. Мигрантите ги сместил во товарно моторно возило ‘пежо’ и започнал да ги превезува кон Куманово по меѓународниот пат А-2 во правец од Радовиш кон Штип. Кај Неготино возилото било забележано од полициските службеници кои со светлосен сигнал му дале знак да запре, но обвинетиот продолжил да се движи кон Штип, а полициските службеници тргнале по него. Кај с.Лакавица обвинетиот го запрел возилото и бил лишен од слобода. Во возилото кое неколку дена претходно било пријавено за украдено биле пронајдени четириесетте мигранти“, соопшти Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети условите надлежниот обвинител заедно со обвинителниот предлог достави и предлог-мерката притвор определена од судија на претходна постапка да биде продолжена.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико