Обвинение за тешка телесна повреда | Правдико

Правдико

   

Обвинение за тешка телесна повреда

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 28-годишен жител на Форино, кој се товари дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 28 септември, во селото Добридол, при вршење семејно насилство, обвинетиот тешко телесно ја повредил поранешната вереница. Тој ја пречекал оштетената која се упатила кон својот дом, ја фатил за десната рака и запонал да ја влече за да ја внесе во неговиот автомобил. Жената паднала, по што обвинетиот започнал да ја удира со тупаници по лицето и по телото, нанесувајќи и тешки телесни повреди – нагмечувања, скршеници и потрес на мозок.

Препорачуваме

Партнери на Правдико