Правдико

   

Обвинение за убиство во обид

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство во Велес  поднесе Обвинителен акт против лице на 60-годишна возраст од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член  19 (во обид) од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 11.10.2019 година околу 20.30 часот, под дејство на алкохол од 2,97 прoмили во крвта, во дворот од својата куќа во Богданци со умисла се обидел да го лиши од живот оштетениот со кој заедно дента консумиралe алкохол.  Обвинетиот го удрил оштетениот со тупаница во задниот дел на главата, па откако го турнал на земја, подигнал  дрвен стол  и неколкупати го удрил оштетениот во пределот на главата. Од ударите му нанесол тешка телесна повреда со конкретна опасност по животот.

Обвинителството со поднесување на обвинението во Основниот суд Велес достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор на обвинетото лице,  бидејќи се уште постојат основите поради кои истиот е определен.

Партнери на Правдико