Обвинение за воени злосторства против Србите и Хрватите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државното обвинителство подигна обвинение против Едхем Жилиќ (53), познат како Едо, за воени злосторства против српски и хрватски цивили во Коњиќ, во 1993 година.
Обвинителството го обвини дека тој, како член на 4-тиот баталјон на воената полиција т.н. Армијата на Босна и Херцеговина и управник на затворот во просториите на спортската сала “Мусала” во Коњиќ, лично извршил, наредил и овозможи нечовечки третман на цивили од српска и хрватска националност.
Жилиќ е обвинет дека од мај до крајот на октомври 1993 година во неколку наврати во просториите на објектот “Мусала” и канцеларијата што тој ја користел како управник, им овозможил на кон него наклонетите чувари да се однесуваат нехумано кон затворениците.
Обвинителството го товари и дека им овозможувал на неовластени лица да влезат во затворот за да ги тепаат затворениците, и самиот тој вршел нехумани дејства, објави обвинителството.
Обвинетиот на неколку пати удирал со разни предмети и ги злоупотребувал затворениците кои биле одведени на принудна работа, доколку кај нив пронајдел парче леб или друга храна.
Во обвинението се наведува дека Жилич лично им нанесувал сериозни телесни повреди на жртвите, и им оставил трајни последици и физичка штета.
Затворениците се здобиле со повреди нанесени со разни предмети, биле сексуално злоупотребувани, принудени на меѓусебен сексуален однос, вклучувајќи и тортура со зажарени предмти по гениталиите.
Обвинението е испратено за потврда до судот на БиХ.