Обвиненија за шест лица во предметот „Еразмус“ | Правдико

Правдико

   

Обвиненија за шест лица во предметот „Еразмус“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по сеопфатно спроведена истражна постапка, поднесе обвинителен акт против шест лица обвинети во предметот познат под името „Еразмус“.

ojo

– Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година, како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела – се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Обвинетите Б.Ш и С.Р. се товарат за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Обвинетите Љ.Ј. и С.Д. се товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Со обвинителниот акт се обвинува и лицето Д.Д. за сторени три кривични дела – давање поткуп.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја запре истражната постапка за лицето Т.Ф., ценејќи дека нема докази кои потврдуваат дека осомничениот го сторил кривичното дело.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико