Обвинет од СЈО призна дека бришел податоци од системот за прислушување | Правдико

Правдико

   

Обвинет од СЈО призна дека бришел податоци од системот за прислушување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинет во предметот „Таргет – Тврдина“ е условно казнет, откако ја признал вината. Како што информираат од СЈО,  еден од обвинетите за нелегално прислушување ја признал вината, по што постапката за него била раздвоена и посебно му се судело. На 17 ноември била донесена и пресуда.

„На обвинетото лице му е изречена алтернативана мерка – условна осуда за кривичното дело помагање на сторител во извршено кривично дело. Предлогот за раздвојување беше истакнат од страна на ова Јавно обвинителство, при што се имаше предвид интересот на обвинетото лице за побрзо завршување на постапката, како и економичноста и целисходноста на постапката“, информираат од СЈО.

Нема информација кое е лицето, но тој е обвинет за бришење логови од системите за прислушување. Тоа го утврдил надворешниот експерт што го побара СЈО од „Ериксон“. Со помош на експертот од шведската компанија „Ериксон“, од помошните сервери во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Специјалното јавно обвинителство ги одзеде сите податоци што ги бараше со судска наредба.

В.М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико