Обвинет во случајот „Насилство“ призна вина | Правдико

Правдико

   

Обвинет во случајот „Насилство“ призна вина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот министер за транспорт и врски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, на денешното рочиште во случајот „Насилство“ се изјасни за невин.

„Ниту сум сторил ниту се чувствувам виновен“, рече пред судот.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, исто така рече дека не е виовна.

Експретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Центар, Томислав Лазаров, се изјасни за виновен и рече дека длабоко се кае за стореното дело во постапката за нарачаното насилство во Општина Центар.

Обвинетите во случајот, Јордан Ристовски, Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Даниел Трипуновски, Трајче Петковски, Милан Андоновски, Митко Пецев, Борче Богдановски и Игор Бошковски, се изјаснија за невини.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико