Обвинет за воени злосторства против Србите екстрадиран во БиХ | Правдико

Правдико

   

Обвинет за воени злосторства против Србите екстрадиран во БиХ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

DSC04697Дамир Липовац, државјанин на Хрватска и БиХ кој е обвинет за воени злосторства против Србите за време на војната во 1992 година, беше екстрадиран на судството во БиХ од Холандија, каде што живеел веќе неколку години, според податоците на Државниот обвинителство.

Липовац на аеродромот во Сараево, бил преземен од страна на судската полиција и однесен во притвор во Босна и Херцеговина, каде што го чека судскиот процес.

Липовац е роден во 1970 година и е обвинет како член на 103-тата бригада на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО), дека извршил воени злосторства против Србите.

Според обвинението, Липовац бил командант на кампот, кој беше основан од ХВО во местото Пољари. Таму во 1992 година, биле заробени од 70 до 100 српски цивили. Некои од нив биле убиени, а други биле подложени на физичко и психичко малтретирање. Липовац, е обвинет дека лично убил двајца затвореници, пукајќи во нив од непосредна близина, и дека тој учествувал во мачењето на други затвореници.

Препорачуваме

Партнери на Правдико