Обвинети шест лица за прикажување лажни ПЦР-тестови на скопскиот аеродром | Правдико

Правдико

   

Обвинети шест лица за прикажување лажни ПЦР-тестови на скопскиот аеродром

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шест лица биле фатени на скопскиот аеродром со фалсификувани ПЦР-тестови на Ковид-19, кои наводно им биле извадени од лаборатории во Скопје.

„Против шест лица, меѓу кои четворица македонски државјани, една државјанка на Швајцарија и една на Велика Британија, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривично дело фалсификување исправа во согласност со член 378 став 1 од Кривичниот законик.

При излез од државата, во одделни кривично-правни настани, обвинетите, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР-тестови на SARS-CoV-2, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје. Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории“, соопшти Обвинителството.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико