Обвинетиот Ѓоко Поповски и натаму не смее да ги отуѓува „аудито“, станот и нивите | Правдико

Правдико

   

Обвинетиот Ѓоко Поповски и натаму не смее да ги отуѓува „аудито“, станот и нивите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Експомошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, кој денеска поради здравствени причини не се појави на судењето, и натаму не смее да го отуѓува автомобилот, станот и нивите бидејќи Апелациониот суд го потврдил решението на кривичниот совет на скопска единица. За него во случајот „Триста“ СЈО побара да му биде определена забрана за отуѓување на движен и недвижен имот.

Адвокатот на Поповски, Боро Тасевски, и од СЈО за „Макфакс“ и потврдија дека Апелациониот суд ја потврдил одлуката на кривичниот совет на првостепениот суд кој го прифати предлогот на Специјалното јавно обвинителство да му го замрзне имотот. Претходно судија на претходна постапка го одби ова барање, на што СЈО вложи жалба.

Поповски нема да смее да го отуѓува возилото „ауди“, станот од 73 квадратни метри и нивите кои ги поседува. Откако оштетено лице пријавило имотно-правно побарување, СЈО побара да се изрече забрана за отуѓување и оптоварување на имот. Апелациониот суд во Скопје го спаси Поповски од притвор. Обвинителите од СЈО кога ја бараа оваа мерка, потенцираа дека Поповски е имотен човек.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико