Обвинетите во „Монструм“ негираат вина, адвокатите тврдат дека нема докази против нив | Правдико

Правдико

   

Обвинетите во „Монструм“ негираат вина, адвокатите тврдат дека нема докази против нив

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинетите во случајот „Монструм“ на денешната јавна седница во Врховниот суд повторно ги отфрлија обвинувањата и негираат вина. Тие се обвинети на доживотен затвор за загрозување на животот и телото на граѓаните на Република и Македонија и тероризам. Нивните адвокати пред судот рекоа дека не постојат докази дека обвинетите го сториле кривичното дело и дека пресудата на второстепениот суд е пристрасна.

На денешната јавна седница по жалбите на обвинетите за пресудата, нивните адвокати рекоа дека имаат забелешки во однос на изјавите на заштитениот сведок. Според адвокатот Насер Руафи, тие се контрадикторни.

Исто така, тој рече дека според вештото лице од судска медицина времето на смртта на жртвите не можело да се утврди точно.

Тој рече дека сведоците што дале исказ пред судот не ги препознале обвинетите.

Според пресудата, обвинетите добро го испланирале максарот откако нашле начин за бегство. Целта на обвинетите биле да убијат Македонци, христијани.

Адвокатот Ѓорги Настевски рече дека кога била донесена пресудата очигледно е дека немало непосредни докази.

„Треба да постојат низа логични и поврзани факти и околности за да има основа за осудителна пресуда. Во предметот не постои непосреден доказ дека обвинетите сториле кривично дело. Првостепениот суд има верба во заштитен сведок кој вршел утврдување на идентитетот, односно идентификација на обвинетите 6 месеци по настанот“, рече адвокатот.

Според него, пронајдените чаури не се основа за заклучок дека обвинетите од непосредна близина имале намера да го загрозат животот и телото и да предизвикаат страв кај граѓаните.

Адвокатот Насер Рауфи  смета дека дошло до загрозување на предметот.

„Прво загрозениот сведок 1, кој е спорен во однос на изјавите за возилото кое не било таму. Загрозениот сведок 1 имал видено 48 слики, а меѓу тие слики беше посочено лице кое јас го побарав како сведок, но судот не дозволи. Кодираниот сведок кажал дека овие 4 лица ги гледал точно во исто време наутро и навечер, претпоставувам тоа е така за да не се збуни на прашања од адвокатите, бидејќи претпоставувам знаел дека ќе доаѓа повеќе пати. Првиот и вториот исказ на сведокот се различни и контрадикторни во однос на облеката која тие ја носеле. Има разлика во изјавата на сведокот и во однос на бројката луѓе кои ги видел. Исказот на сведокот за описот на гардеробата на обвинетите е врз основа на снимките од обвинетите во медиумите“, рече Рауфи.

Тој се сомнева во исказот на загрозениот сведок и вели декане е веродостоен.

„Наводите на ОЈО дека обвинетите пукале во момчињата и ги лишиле од живот, не се поткрепени со никакви материјали, ниту вербален доказ. Повеќе од јасно е дека станува збор за гола препоставка односно видовитост. Не е јасно ниту вештачењето на ДНК на Алил Демири. Самиот факт што не ни се дава возилото на увид, укажува дека возилото не постои. Не знам зошто не се покажува круцијалниот доказ. Кажано е дека е земена ДНК на задно седиште, а од фотографијата во прилог може да се види дека ова возило нема задно седиште. Сметам дека местото на извршување на дејството и местото каде е најдено е околу 20 километри дистанца, што може да покажува дека возилото е фиктивно“, рече Рауфи.

Јавната седница во Врховниот суд е во тек.

Во случајот „Монструм“ за петкратното убиство на Смилковско Езеро што се случи во 2012 година на доживотен затвор се осудени Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута. Тие се обвинети за кривично дело тероризам.

К. Ландов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико