Обвинетите за 27 април ќе гледаат видеоснимки од камерите при упадот во Собранието | Правдико

Правдико

   

Обвинетите за 27 април ќе гледаат видеоснимки од камерите при упадот во Собранието

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во кривичниот суд во Скопје утрово треба да продолжи судењето за настаните од 27 април 2017 година. Според динамиката на судење, на денешното рочиште, обвинителката Вилма Русковска треба да почне со изведување на видоснимките направени од собраниските камери на крвавиот четврток. На минатото рочиште судијката Добрила Кацарска одлучи да ја исклучи јавноста поради испитување на загрозениот сведок Ц1.

Ова е прво судско рочиште, на кое тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, ќе се појават по нивното петочно гласање за уставните измени во Собранието. До крајот на месецов се закажани уште 4 рочишта.

На претходните рочишта беа сослушани 36 сведоци предложени од Обвнителството, меѓу кои, пратеници, членови на собраниското обезбедување, припадници на МВР и новинари. Во нивните искази тие објаснија што виделеза време на критичниот 27 април 2017.

На обвинителната клупа покрај пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски,  се ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, началниците во МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, обезбедувачот на Трајко Велјаноски, Горан Ѓошевски-Леви, вработените во МВР, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски.

Обвинети се и иницијаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен Велит, Владо Јовановски, Игор Дурловски. За терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста обвинети се и Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико