Обвинетите за насилствата во Собранието пуштени на слобода со условни казни | Правдико

Правдико

   

Обвинетите за насилствата во Собранието пуштени на слобода со условни казни

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Условна казна добија денеска деветмината обвинети за насилството во Собранието на 27 април. На сите обвинети им беше изречена условна казна од шест месеци доколку не го повторат делото во рок од една и пол година.

Само Димче Христовски Жабата доби условна казна затвор од година ипол, ако во следните пет години не го повтори делото.

Жабата претходно има криминално досие, тој бил казнет со десетина години затвор поради двојно убиство во Прилеп.

Претходно, сите обвинети ја признаа вината за делото за кое што се товареа – учество во толпа кое ќе спречи службено лице да извршува службена должност. Обвинетите при излагање од судот беа пречекани со аплауз од група поддржувачи.

Судот исто така го укина притворот на обвининетите на кои претходно им беше изречена таква мерка.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико