Обвинетите за убиството на полубратот на Ким негираа дека се виновни | Правдико

Правдико

   

Обвинетите за убиството на полубратот на Ким негираа дека се виновни

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двете жени обвинети за убиство на полубратот на севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун, во Малезија негираа дека се виновни на судењето во Куала Лумпур. Индонезијката Сити Аисјах и Виетнамката Ти Хуонг со лисици на рацете и панцири излегле пред судот во округот Сепанг, во близина на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур, каде што во февруари беше отруен Ким Јонг Нам.

Околу 200 полицајци биле задолжени за безбедност на почетокот на судењето. Жените се обвинети дека му фрлиле во лице на Ким Јонг Нам гас VX, смртоносна верзија на сарин. На двете им се заканува доживотна казна затвор. Видеоснимка од аеродромот покажува како двете жени му приоѓаат на Нам и како едната му фрла нешто во лице. Ким Јонг Нам починал на пат кон болница. Адвокатите на обвинетите претходно изјавија дека тие биле излажени и дека верувале оти учествуваат на скриена камера.

Ким Јонг Нам беше критичар на политиката на својот полубрат Ким Јонг Ун и живееше во егзил. Поради овој случај, заострени се односите меѓу Северна Кореја и Малезија.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико