Надлежен обвинител од ОЈО – Тетово врши увид во куќата во која ноќеска избувнал пожар
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во двокатна куќа на ул.„Гоце Делчев“ во Тетово ноќеска избувнал пожар при што според првичните информации настрадале жена и четири деца.
Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово во моментов е на местото на настанот и во соработка со увидната екипа од Полициската станица – Тетово и Противпожарната служба врши увид. Обвинителот повика тим за форензика од Скопје и екипа на ЕВН кои треба да помогнат во утврдување на околностите и причините за пожарот. Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела и се преземаат други дејствија неопходни за расветлување на случајот.