Обвинителен акт за неовластена продажба на марихуана | Правдико

Правдико

   

Обвинителен акт за неовластена продажба на марихуана

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, на возраст од 20 години, со кој го товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Дрогата кај обвинетиот била пронајдена на 23 февруари при претрес на неговиот дом во Арачиново.  Наркотична дрога – марихуана спакувана во едно поголемо пакување облепено со селотејп трака,  со нето маса од 1007,8 грама,  обвинетиот ја држел заради продажба  скриена во плакар во подрумска просторија.

Поради опасност обвинетиот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до  Основниот кривичен суд Скопје со обвинението достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот.

Партнери на Правдико