Правдико

   

Обвинителен предлог против директор на училиште во Велес

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство – Велес поднесе обвинителен предлог против директор на средно училиште во овој град, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење.

Велес

Тој се товари за неправилности околу спроведената екскурзија за учениците во трета година од училиштето.

Имено, одлуката за избор била направен спротивно на одредбите од правилникот за начинот на организирање на ученичките екскурзии во средните учлилишта. Иако штотуку започнал да тече рокот за жалба на неизбраните понудувачи, само два дена подоцна, директорот овозможил реализација на екскурзијата. За автобусите со кои заминале учениците не бил доставен записник за извршен вонреден технички преглед не постар од еден месец, а со автобусите управувале возачи кои поседувале лекарски уверенија за психофизичка способност за управување на истите со датум постар од дозволените шест месеци. Од Обвинителството информираат дека на овој начин, дирекорот несовесно постапил при вршењето на своите овластувања и должности со што потешко ги повредил правата на други лица.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико