Обвинителите го поддржаа барањето на Владата за смена на Зврлевски | Правдико

Правдико

   

Обвинителите го поддржаа барањето на Владата за смена на Зврлевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот на јавни обвинители со мнозинство од 8 гласа „за“ и само еден „против“ на претседателот Петар Аневски го поддржа барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

На седницата не присуствуваа членот Зоран Сулејманов и јавниот обвинител Марко Зврлевски. Макфакс дознава дека Марко Зврлевски доставил мислење до Советот, но во моментот се формулира одговорот до Владата, а медиумите го чекаат излегувањето на Аневски за изјава.

Барањето за мислење од Советот стаса минатата недела по одлуката на Владата да побара разрешување на Зврлевски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико