Обвинителите Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска не се повеќе дел од тимот на Јанева
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Двајцата обвинители Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска не се повеќе дел од тимот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева информираа денеска од Советот на Јавни обвинители. По одржувањето на седницата претседателот на советот Петар Аневски изјави дека ќе биде формирана посебна тричлена комисија која ќе ги испитува причините поради кои е донесена оваа одлука.
Аневски информираше дека покрај двете обвинителки на следната седница ќе биде повикана на разговор и Специјалната јавна обвинителка Јанева да ги образложи причините за исклучувањето од тимот на обвинителите но и да објасни до каде е работата со материјалите од прислушуваните разговори.
Јанева денеска не беше присутна на седницата на која меѓу точките кои се разгледуваа беше и точката за работата на СЈО како и случајот за несоставувањето на записник при превземањето на материјалите од прислушуваните разговори. Од институцијата веќе потврдија дека не биле поканети, а по однос на двајцата обвинители во своето објаснување потенцираат.
Двајца обвнители не се веќе дел од тимот заради недоволниот обем на работа. Ние уредно испративме писмо до Советот во кое информиравме дека согласно она што досега е утврдено како предмети во наша надлежност, доволни ни се десет обвинители, тоа и Јанева го кажа на почетоците дека согласно обемот на работа ќе се ангажираат и обвинители, така да засега доволни се 10 обвинители и не знаеме зошто претседателот Аневски е вчудоневиден од тоа.
Од Советот пак не откриваат дали и на кои предмети работеле исклучените двајца обвинители. Претседател на комисијата која ќе го испитува овој случај е Сашо Василевски
Инаку, Јанева вчера и официјално од МВР побара засилено обезбедување на Специјалното обвинителство и обвинителите со цел посигурно и непречено работење на институцијата. Барањето доаѓа по одржувањето на говорот на екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Груевски на годишната конференција на Унијата на жени на партијата.
Извор: 24Вести