Обвинителката Лилјана Спасовска ќе го менува Зврлевски до изборите | Правдико

Правдико

   

Обвинителката Лилјана Спасовска ќе го менува Зврлевски до изборите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителката Лилјана Спасовска е назначена за в.д. на функцијата јавен обвинител до изборот на нов државен јавен обвинител, кој се очекува да заврши по изборите. Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години, со право на повторно именување.

Спасовска беше поставена за заменик во случај на спреченост или отсуство на републичкиот јавнен обвинител. Обвинителката Лилјана Спасовска јавноста ја знае по случајот „Монструм“ кога таа беше обвинителка на јавната расправа што се одржа по жалбите на обвинетите во овој случај, осудени на доживотен затвор. Таа тогаш побара одлагање на следната расправа сè додека не се прибават сите факти што ги опфаќаат и доказите со кои располага Специјалното јавно обвинителство. Повикувајќи се на соопштение кое било објавено на веб-страницата на Врховниот суд, во кое се тврдело дека СЈО не одговорило на барањето на Судот, таа сметаше дека јавната расправа по жалбите треба да се одложи на неопределен рок.

Собранието на РМ по предлог на Владата на 17 август го разреши Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија и се очекува да објави оглас за избор на нов прв човек на Обвинителството.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико