Обвинителот на Њујорк отворил истрага за Фондацијата Трамп | Правдико

Правдико

   

Обвинителот на Њујорк отворил истрага за Фондацијата Трамп

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

image-2Главниот обвинител на државата Њујорк изјави дека е отворена истрага за Фондацијата на Доналд Трамп, спомнувајќи ги сомнежите за „неправилности“ во рамки на организацијата на републиканскиот кандидат за американски претседател.

„Загрижени сме од фактот дека Фондацијата Трамп има неправилности“, изјави Ерик Шнеидерман на CNN, говорејќи дека делува во „својство на регулатор на непрофитабилните организации на државата Њујорк“.

Обвинителот се судираше со милијардерот повеќе години заради програмата на Универзитетот Трамп, обвинувајќи го за „обична измама“.

Фондацијата Трамп се соочува со редица непријатни обвинувања меѓу кои и она од „Вашингтон пост“, според кое кандидатот за Белата куќа не донирал во сопствената фондација од 2008 година.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико