Обвинителство бара притвор за маж кој силувал осумгодишно девојче
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против педесет и петгодишен маж поради постоење на основано сомневање дека извршил кривично дело – полов напад врз малолетник.
Според исказите на детето и неговата мајка, осомничениот во текот на 2017 година во неколку наврати искористувајќи исти можности извршил полови дејствија врз осумгодишното дете. Осомничениот е сосед и во подалечна роднинска врска со оштетеното дете.
Ценејќи дека се работи за особени околности што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоци и може да го повтори делото, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Извор: Макфакс