Обвинителство: Постои ризик за бегство за Рашковски и Станчев | Правдико

Правдико

   

Обвинителство: Постои ризик за бегство за Рашковски и Станчев

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата денеска ги привела поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока Груп“ Даниел Станчев по наредба на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал за случајот со набавката на софтвер кој што МВР со месеци не го користело, потврдуваат од Обвинителството. Во соопштението е наведено дека вчера била донесена одлука за отворање на истрага за четири лица поради основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.

„Во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка,“ се вели во соопштението на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.

Во продолжение е наведено дека летото во 2019 година првосомничениот донел одлуки за јавна набавка за потреите на софтвер иако во тоа време не бил склучен договор за таков софтвер.

Обвинителот побарал притвор за Рашковски и Станчев, затоа што како што се вели во соопштението, постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци додека за останатите осомничени даде предлог на судот да им определи мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето.

Станува збор за отворена истрага за предметот за набавка на софтверот кој тој како поранешниот генерален секретар на Владата, го набавил пред 8 месеци од фирмата „Инвока груп“ и платил 81 илјада евра со цел да се употребува во рамките на проектот „ Безбеден град“ на МВР. Но, оттаму велат дека таквиот софтвер нити го користат, ниту планираат да го користат затоа што работат на нов проект за таа цел. Дополнително Рашковски ја патентирал идејата за софтвер кој подоцна со јавна набавка го нарачал и платил на „Инвока Гроуп“ од државниот буџет пред да биде извршено негово тестирање за функционалноста.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико