Обвинителство: Таткото пијан го прободел својот син во самоодбрана | Правдико

Правдико

   

Обвинителство: Таткото пијан го прободел својот син во самоодбрана

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Според информациите од Основното јавно обвинителство Кочани во врска со вчерашниот инцидент во село Теранци, Кочанско, во кое татко со нож го нападнал својот 38-годишен син, 78-годишникот нападот го извршил во самоодбрана, при што на синот му нанел две убодни рани.

Според првичните сознанија, на нападот му претходела расправија која веќе подолго време во континуитет се одвивала во семејниот дом. Обвинителството во координација со екипа од МВР утврдило дека сторителот бил под дејство на алкохол, со 0,54 промили алкохол во крвта.

Таткото е лишен од слобода и во моментов се наоѓа во полициската станица во Кочани, додека повредениот син е однесен во Хируршкото одделение во Кочани каде што му е пружена медицинска помош. Издадени се наредби за проверка на крвта и на повредениот поради постоење индиции дека и тој бил во алкохолизирана состојба кога се случил настанот.

Со цел да се утврдат фактите, надлежниот јавен обвинител издал наредба за обезбедување и прибирање траги од местото на настанот. Подигнат е и ножот со кој веројатно е извршен нападот и истиот е даден на натамошно вештачење.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико