Правдико

   

Обвинителството бара да им се продолжи притворот на ексминистрите за земјоделство

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителствоото за гонење организиран криминал и коруцпија до кривичниот суд доставило предлози со кои бара да им бидат продолжени изречените мерки на осомничените во истрагатa за злоупотреби со договорите за закуп на земјоделско земјиште, потврдија од таму за „Макфакс“. Кривичниот суд во текот на денот треба да донесе одлука за барањето на Обвинителството дали ќе ги прифати предлозите за продолжување на мерките.

Во акција на одделот за организиран криминал на МВР на 1 февруари годинава уапсени беа поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и ексзаменик-министерот за земјоделство, Кристијан Делев. Четвртоосомничен во истрагата е актуелниот пратеник Љупчо Димовски. Судот им определи 30-дневен притовр на Делев и Цветков и куќен притвор за Спасеновски. Пратеничкиот имунитет го спаси од привтор пратеникот Љупчо Димовски.

Обвинителството ја отвори истрагата на 1 февруари минатиот месец, а се однесува на злоупотреба на службената положба и овластувањето. Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.

Станува збор за утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации во државата. На овој начин била предизвикана штета на буџетот во износ од 88.467.607 денари или приближно 1,4 милион евра.

Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски беа министри во владата на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на Социјалистичката партија на Љубислав Иванов – Ѕинго. Христијан Делев беше заменик-министер по предлог на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико