Обвинителството бара притвор за дилер на дрога
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Обвинител од скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице oд Градско за кое постои основано сомнение дека неовластено продавало дрога.
Пред два дена при претрес на дом во Скопје каде што престојувал осомничениот биле пронајдени 24 полиетиленски пакувања наркотична дрога – марихуана со вкупна нето-маса од 166,81 грама, како и две ваги и други поситни предмети со траги од различни дроги и психотропни супстанции – амфетамин, кокаин и тетрахидроканабинол.
Поради стравување дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, обвинителот до судијата доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Извор: Макфакс