Обвинителството бара високи казни за убиството на Немцов | Правдико

Правдико

   

Обвинителството бара високи казни за убиството на Немцов

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руското обвинителство побара од судот, петмината осудени за убиството на опозицискиот лидер Борис Немцов да добијат затворски казни од 17 години до доживотно.

Доживотна казна се бара за Заур Дадајев кој го застрелал Немцов. За останатите осудени Анзор Губашев, Шагит Губашев, Камзат Бакајев и Тамерлаин Ешкерканов казните се движат од 17 до 23 години затвор. Се очекува судот утре да ја донесе одлуката.

Нeмцов, кој беше гласен критичар на рускиот претседател Владимир Путин и на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој е близок до Кремљ, беше убиен на мост во Москва на 28 февруари 2015 година.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико