Oбвинителството дополнително ќе одлучува дали ќе истражува говор на омраза во објавата на Ванковска | Правдико

Правдико

   

Oбвинителството дополнително ќе одлучува дали ќе истражува говор на омраза во објавата на Ванковска

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопското Обвинителство дополнително ќе одлучува дали ќе истражува говор на омраза во објавата на „Фејсбук“ на универзитетската професорка Билјана Ванковска, потврдија оттаму за „Макфакс“.

Спорната објава на професорката Ванковска наиде на осуда во коментарите на социјалните мрежи. Таа, пак, се пожали дека добила заканувачки пораки.

Додека синоќа повредените и жртвите од трагичната несреќа се пренесуваа во болницата, Ванковска на својот профил напиша: „Каква трагедија и иронија: Карпалак“. Дел од јавноста изјавата ја протолкува дека Ванковска сакала да каже дека несреќата е историска иронија за трагичниот настан во близина на истото место Карпалак од конфликтот во 2001 година.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико