Обвинителството ги истражува наводите за трошењето во Антикорупциска | Правдико

Правдико

   

Обвинителството ги истражува наводите за трошењето во Антикорупциска

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас ​за трошењето буџетски средства од страна на членовите на Државната комисија за спречување корупција.

„По објавите во медиумите, обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање  податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други релевантни институции“, соопшти Обвинителството.

Ревизорскиот извештај на УЈП за работата на Комисијата покажа дека дел од членовите користеле неверодостојни патни налози за кои им биле исплаќани патни трошоци. Дополнително како ненаменско трошење буџетски пари се посочуваат и трошоци за ручеци и вечери во ресторани кои членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување стан.

Ревизијата се однесува на составот на Комисијата со претседателот Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, Најдо Спасевски, Сузана Таскова Аџикотарева и Сејди Халили, кои се на оваа функција во ДКСК од април 2015.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико