Обвинителството ги расветлува причините за смртта на лицето пронајдено вчера во Радовиш | Правдико

Правдико

   

Обвинителството ги расветлува причините за смртта на лицето пронајдено вчера во Радовиш

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

stop-policijaУвид на лице место изврши дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, заедно со увидна екипа на СВР Струмица, ПС Радовиш, при што е утврдено дека станува збор за покојно женско лице, родено 1948 година. Поради постоење основано сомнение за причините на смртта, јавниот обвинител издаде Наредба за вршење обдукција на телото на покојната, како и Наредби за откривање и утврдување на докази за сторено насилство врз телото на покојната. Истовремено, при увидот се дадени Наредби на овластените полициски службеници за обезбедување и подигање на материјални траги од биолошко потекло, фотографирање на лице место и превземање на дејствија заради откривање на сторителот на кривичното дело.

Телото на сега починатата , било пронајдено вчера во вечерните часови во нејзиниот дом во Радовиш, од страна на нејзин роднина.

Едно лице е лишено од слобода и во моментов се сомничи дека е сторител на кривично дело – Убиство од користољубие. Се работи за 26 -годишен жител на Радовиш. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица ценејќи дека се исполнети условите ќе предложи мерка притвор.

Препорачуваме

Партнери на Правдико