Обвинителството го расветлува убиството кое се случи на плоштадот во Кичево | Правдико

Правдико

   

Обвинителството го расветлува убиството кое се случи на плоштадот во Кичево

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policiska-lenta2_104Вчера попладне, околу 16.00 часот, на плоштадот во Кичево, при физички напад тешко е повредено едно лице кое подоцна им подлегна на повредите. Сега починатото лице било нападнато со нож од страна на неговиот брат, при што му биле нанесени неколку убодни рани. Сторителот – сега осомничено лице, извршил напад и врз сопругата на братот, нанесувајќи и една убодна рана. Повреденото лице веднаш е пренесено во Кичевската болница каде им подлегнало на повредите. Сторителот е лишен од слобода.

Надлежен јавен обвинител заедно со екипа од Полициската станица – Кичево извршија увид на лице место. Од страна на надлежниот јавен обвинител се издадени насоки за подигање на траги од кривично правниот настан и наредби за вршење на вештачења и обдукција во насока на расветлување на настанот. Основното јавно обвинителство – Гостивар продолжува со истрагата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико