Обвинителството ,,го враќа во игра" обвинителот Милошевски за ,,Поткуп" | Правдико

Правдико

   

Обвинителството ,,го враќа во игра” обвинителот Милошевски за ,,Поткуп”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавното обвинителство донело одлука со која Владимир Милошевски ќе може да го застапува обвинението, но не кажуваат зошто барањето за изземање е неосновано.

Републичкото јавно обвинителство го отфрли барањето на адвокатскиот тим на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за изземање на застапникот на обвинителниот акт поднесен за случајот во јавноста познат како „Поткуп“. ЈОРМ цени дека не стојат забелешките на адвокатскиот тим на Заев дека јавниот обвинител Владимир Милошевски не смее да постапува во конкретниот предмет.

„Во судската постапка за предметот ’Поткуп’, која се одвива пред Основниот суд Скопје 1, на последното одржано рочиште, барање за изземање на јавниот обвинител Владимир Милошески немаше, односно одбраната укажа дека на обвинителот му е истечен мандатот. На рочиштето дојде јавниот обвинител Златко Биковски и за него беше побарано изземање. Со оглед на тоа што основите што беа наведени во барањето за изземање беа оценети како неосновани, тоа не е прифатено од страна на обвинителството“, велат од Јавното обвинителство.

Одговорот на Обвинителството укажува на тоа дека Милошевски на следното судско рочиште ќе може да го застапува обвинителниот акт, но во исто време останува нејасно дали барањето за изземање на обвинителот Златко Биковски е прифатливо и дека тој не ќе може да го заменува својот колега од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и покрај тоа што тој во овој момент е вршител на должност основен јавен обвинител.

По одбивањето на барањето за изземање сега е на потег скопскиот кривичен суд, поточно судијката Диjана Груевска-Илиевска, која треба да закаже продолжение на судењето коешто на 23 минатиот месец беше прекинато и одложено на неопределено време. Токму на последното судско рочиште се случија неколку пресврти на текот на постапката, откако адвокатите на Заев, поради истечен мандат на Милошевски, побараа тој да биде изземен од натамошниот тек на судењето. Така, најпрво судијката Груевска-Илиевска не кажа зошто на местото втор судија наместо Ѓоко Ристов во Судечкиот совет е судијката Ленка Давиткова, а немаше објаснување и за невлегувањето на сведокот Иво Николов во судница, иако тој беше присутен во судот. Нејаснотиите продолжија по одлуката на Груевска-Илиевска да биде дадена пауза заради консултација на Судечкиот совет, но веднаш по паузата не беше кажано ништо ново, но затоа, пак, во судницата заедно со обвинителот Владимир Милошевски се појави и неговиот претпоставен Златко Биковски.

„Со присуството на јавниот обвинител Златко Биковски само се потврдува дека Владимир Милошевски е ненадлежен да постапува во овој предмет, но токму Биковски беше тој кој донесе решение со кое го одби нашето претходно барање за изземање на Милошевски. Барам од Златко Биковски да ги заштити моите права, но и да се стави во заштита на законот и Уставот на Република Македонија и да назначи друг јавен обвинител да го застапува овој предмет“, рече Зоран Заев на минатото судење.

Автор: Љубиша Станковиќ

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико