Правдико

   

Обвинителството ќе бара продолжување на притворот за Чавков и другите обвинети за крававиот четврток

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе бара продолжување на 30-дневниот притвор на ексминистерот Митко Чавков, кој му истекува за три дена. Ова се однесува и за другите обвинети за настаните од крвавиот четврток, меѓу кои и за ексначалникот во МВР, Душко Лазаров, потоа за Оливер Поповски, началникот на Секторот за превентива, Оливер Радулов, поранешниот обезбедувач на директорот на УБК, Јане Ченто, претседател на македонското патриотско здружение „Пере Тошев”… Доколку судот им го прифати барањето, обвинетите ќе ги дочекаат претстојните празници во затворот во Шуто Оризари.

Адвокатот на Чавков, Петар Василев, за „Макфакс“ одговори дека нема информации дали Обвинителството и натаму ќе инсистира на најстрогата мерка за обезбедување присуство на неговиот клиент Митко Чаков. Обвинение сè уште нема, но истрагата за крвавиот четврток напредува, велат извори за „Макфакс“.

Обвинетите кои добија притвор и оние кои добија куќен притвор се жалеа на одлуките, но кривичниот совет, а потоа и Апелациониот суд ги потврди одлуките.

В. М.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико