Правдико

   

Oбвинителството ќе ги гони градоначалникот на Ново Село и уште 4 лица за криумчарење цигари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство од Струмица до судот достави обвинение против пет лица за сторено кривично дело „криумчарење“. До судот во Струмица доставен е и предлог за продолжување на мерката притвор за четворица обвинети. Меѓу обвинетите е и градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев.

„Обвинетите се товарат дека на 10 јули 2018 година заеднички како соизвршители, избегнувајќи ја царинската контрола се занимавале со пренесување непријавени стоки – цигари од значителна вредност.  По претходен меѓусебен договор, двајца од обвинетите во с. Ново Коњарево во две теренски возила натовариле 66 картонски кутии во кои имало 32.980 кутии цигари од марката ‘Калипсо’“, пишува во соопштението од Обвинителството.

„Заедно со уште двајца обвинети со возилата се упатиле по полскиот пат кон селото Бадилен, продолжиле кон граничниот појас помеѓу Република Македонија и Република Бугарија каде петтиот обвинет кој ги чекал, имал задача да го надгледува теренот за да извести за евентуално присуство на полицијата. При нивното пристигнување во местото Попина Чука, на два километри од границата биле откриени и фатени од полициски службеници“, се додава во соопштението.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико