Oбвинителството ќе испитува дали Миленко Неделковски и други лица ширеле расизам и ксенофобија?!
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас оформи предмет во врска со определени написи и коментари на социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали. Објавените текстови на социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, Република Грција, во кој има и човечки жртви.
Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност. Следува преземање дејства со цел обезбедување докази за предметот. Воедно, ќе се утврдува идентитетот на лицата што преку објавување написи и коментари учествувале во ширењето на говорот на омраза.
Јавноста реагира на социјалните мрежи по пишувањето на водителот Миленко Неделковски, кој на „Фејсбук“ објави: „Арно бог ви прави. Живи ве гори. Сите до еден да изгорите“.
Извор: Макфакс