Правдико

   

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто беше полн со употребени пелени. Обвинителството оформило предмет по допрен глас откако во средата вечерта станарите од првиот влез во зградата поради остар мирис беа евакуирани, а противпожарната служба, полицијата и војската утврдија дека мирисот е од станот во кој биле насобрани искористени пелени.

„Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас во врска со настанот што се случи на 19.09.2018 година, кога по дојава на жители од зграда во скопската населба Аеродром, во стан во истата зграда беше откриено дека семејство со едно малолетно дете живее во исклучително лоши хигиенски услови. Предметот е оформен во насока на проверка дали детето коешто живее во станот со неговата баба  е запоставено од неговите родители“, соопшти Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба до СВР Скопје да ги направи сите неопходни проверки со родителите на детето. Воедно, од Центарот за социјални работи на Град Скопје било побарано да формира стручен тим, кој ќе изготви детален извештај за семејството во кое живее детето. Тимот ќе треба да провери дали семејството до сега било пријавувано во Центарот, дали било интервенирано од нивна страна и дали има пропусти во грижата на родителите за развојот на детето.

По направените проверки и обезбедените докази ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико