Обвинителството на Монако постапи по барањето за меѓународна правна помош од македонското Oбвинителство | Правдико

Правдико

   

Обвинителството на Монако постапи по барањето за меѓународна правна помош од македонското Oбвинителство

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека добило официјално известување од Обвинителството на Кнежевството Монако дека постапило по барањето за меѓународна правна помош во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Македонија.

На надлежниот јавен обвинител, кој од оформувањето на овој предмет е во постојана комуникација со Обвинителството на Кнежевството Монако, ќе му биде испратена целокупната документација која е поврзана со предметот што се истражува во Македонија.

Во исто време, Oбвинителството од Монако потврди дека судија претседавач на судот во прва инстанца на Кнежевството Монако постапил по барањето за привремено замрзнување на банкарска сметка, соопштија од ОЈО.

„Имено, во рамките на постапката во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија, беше утврдено дека правното лице концесионер на центрите за дијализа е отуѓено.

Финансиските средства од продажбата во износ од 8.281.000 евра беа префрлени на сметка во Монако и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се обрати до властите во оваа земја со барање за нивно замрзнување, а 3.275.000 евра сезамрзнати на сметки во банки во Република Македонија“, стои во соопштението на ОЈО.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико