Oбвинителството на Зврлевски ќе потроши 82 илјади евра за електронско водење предмети | Правдико

Правдико

   

Oбвинителството на Зврлевски ќе потроши 82 илјади евра за електронско водење предмети

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За одржување на хардвер и софтвер за електронско водење на предмети и за електронско снимање, обвинителството на Марко Зврлевски, за чие разрешување втор ден расправа Собранието, објави оглас на Бирото за јавни набавки.

Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 5.084.746 денари, или околу 82 илјади евра. Во објавата пишува дека критериум за доделување на набавката е најниската цена, а периодот за кој се однесува набавката е 12 месеци.

Во вчерашниот говор пред пратениците, обвинителот Марко Зврлевски, рече дека во негово време биле набавени телефони и компјутери за обвинителите, и почнале да се исплаќаат надоместоците за работа за прекувремена работа и работа за викенд.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико