Обвинителството направи претрес во ,,Мосак Фонеска" за Панама пејперс | Правдико

Правдико

   

Обвинителството направи претрес во ,,Мосак Фонеска” за Панама пејперс

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Panama-policija-pretresПолициски службеници по наредба на панамското обвинителство за гонење на организиран криминал изврши претрес во канцелариите на Адвокатската канцеларија “Мосак Фонсека,” каде бараат докази за перење пари или финансирање на тероризам, пренесуваат локалните медиуми.

Адвокатската канцеларија “Мосак Фонсека” се наоѓа во центарот на вниманието откако протекоа документи кои покажуваат дека оваа адвокатска канцеларија отворила оф-шор сметки за своите богати клиенти од целиот свет, пренесе АП.

По кратко време откако светските медиуми почна да известуваат за скандалот, панамската влада соопшти дека ќе започне истрага.

Додека обвинителството вршеше претрес во канцелариите на “Мосак Фонсека” зградата е обезбедувана од страна на полицијата.

Државниот обвинител во соопштението вели дека целта на претресот е “прибавување документи во врска со информациите објавени во медиумите, кои укажуваат дека компанијата беше ангажирана во нелегални активности.”

Фирма “Мосак Фонсека” негира дека направиле нешто нелегално, туку дека отворале офшор сметки и анонимни компании за своите клиенти и дека тие немаат увид во тоа како се користат овие сметки.

Германскиот весник Зидојче цајтунг доби огромен број на документи за “Мосак Фонсека” од анонимни извори и ги сподели со повеќе од 100 медиумски групи преку Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ).

Препорачуваме

Партнери на Правдико