Обвинителството отвори истрага против три лица за хеликоптерската несреќа во Струмица | Правдико

Правдико

   

Обвинителството отвори истрага против три лица за хеликоптерската несреќа во Струмица

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство – Струмица издаде наредба за спроведување истражна постапка против три осомничени лица за хеликоптерската несреќа што се случи на 10 јули 2014 година, во која загинаа четворица полициски пилоти.

Бројните прибрани докази и извршени анализи до овој момент укажуваат на сомнение дека лицата извршиле кривично дело – тешки дела против општата сигурност.

„Надлежниот јавен обвинител и во текот на истрагата ќе продолжи да прибира податоци и докази, како и да сослушува сведоци кои ќе помогнат за целосно расветлување на случајот. Ќе бидат сослушани и осомничените лица“, соопшти Обвинителството.

Во несреќата животите ги загубија четворицата врвни пилоти – полициските јастреби Драги Мицев од Струмица – началник на воздухопловните сили на МВР и неговите колеги-пилоти Марјан Трајковиќ од Куманово, Тоде Орешков од Кавадарци и Иљо Лопатички од Битола.

Како што вчера објави „Макфакс“, во центарот на истражната постапка е неосветлениот антенски столб на Македонската радиодифузија. Но, со истрагата е опфатена и опремата за ноќно летање. Како што дознавме, обвинителството се обратило од израелската фирма „Елбит“ од која е набавена опремата за ноќно летање, од којашто е побаран одговор дали визирите за ноќно летање смееле да се користат во населено место и во услови во какви што бил изведуван последниот ноќен лет на рутата од Скопје преку Велес, Неготино, Валандово, Струмица, Берово, Делчево и назад.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико