Обвинителството побара раздвојување на постапката за еден од обвинетите за крвавиот четврток | Правдико

Правдико

   

Обвинителството побара раздвојување на постапката за еден од обвинетите за крвавиот четврток

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителката Вилма Рускоска на почетокот од денешното судење за 27 април побара од судот да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашко Марковски, кој е отсутен од денешното рочиште поради болест. Претходното судење за овој случај беше одложено поради истата причина.

„Поради нарушената здравствена состојба барам раздвојување на постапката согласно со член 29 од Законот за кривична постапка. Сметам дека тоа ќе биде целесообразно за да не се одолговлекува постапката против останатите обвинети лица, од кои поголем дел се наоѓаат во притвор“, рече обвинителката Рускоска.

Претходно, судијката која ја води постапката, Добрила Кацарска, истакна дека поради нарушената здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски, тој се наоѓа во здравствената установа „8 Септември“, каде што константно мора да биде под мониторинг на лекарите.

Кацарска даде 20-минутна пауза по што судот ќе одлучи по барањето на обвинителството.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико