Обвинителството побарало снимки од видеонадзорот за пукањето во Клинички | Правдико

Правдико

   

Обвинителството побарало снимки од видеонадзорот за пукањето во Клинички

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавниот обвинител што ја води истрагата за вооружениот инцидент во Клиничкиот центар, во кој беше ранет лекар хирург, побарал да бидат одземени снимки од видеонадзорот, велат за „Мета“ од Јавното обвинителство.

obvinitelstvo

„Во предметот за кој прашувате, јавен обвинител што постапува во предметот има издадено до надлежните служби наредба за одземање снимки од видеонадзор“, стои во одговорот на обвинителството на нашето прашање дали при увидот од местото на настанот се подигнати снимки од безбедносните камери во клиниката за понатамошна анализа.

Инаку, денеска, во телефонски разговор, од директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, Александар Караѓозов, не добивме конкретен одговор за тоа дали камерите работат и дали инцидентот бил забележан од видеонадзорот.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико