Правдико

   

Обвинителството поднесе обвинение против две лица за повеќе кривични дела

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Obvinitelstvo SkopjeСо поднесениот обвинителен предлог обвинетиот З.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 ст.1 вв со чл.22 , кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член 149 ст.1 вв со чл.22, две кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл.22 , три кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 сите од Кривичниот законик, додека пак обвинетиот И.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 ст.1 вв со чл.22, кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член 149 ст.1 вв со чл.22 , кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1  и две кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 сите од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје го поднесе обвинението по сеопфатно спроведените истражни дејствија во предкривичната постапка кои од самиот почеток на пријавувањето на настанот поврзан со изработка на фалсификувани лични карти, беа координирани и раководени од надлежни јавни обвинители. Во постапувањето беше прибавена обемна материјална документација, спроведени претреси, направени вештачења, споредбени анализи и беа испитани голем број на сведоци.

Партнери на Правдико