Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија.
„Следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет по допрен глас. Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластувањето, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија“, велат од Обвинителството.
Од таму додаваат дека предметот му е доделен на надлежен обвинител и во рамките на предистражната постапка издадени се наредби за прибирање податоци поврзани со настанот.
Извор: Макфакс