Обвинителството повикува сведоци за инцидентите на студентските избори | Правдико

Правдико

   

Обвинителството повикува сведоци за инцидентите на студентските избори

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство повикува сведоци за инцидентите што се случија на денот на студентските избори лани кога припадници на Единицата за брзо распоредување беа испратени пред вратите на просториите на Студентскиот парламент каде што група од повеќе студенти го изразуваа револтот од начинот на спроведување на изборите. Меѓу првите кои добиле покана е пратеничката Ивана Туфегџиќ, која тогаш беше активна во Студентскиот Пленум. Мора да има одговорност за тепањето студенти, вели таа.

-ОЈО конечно ја отпочна постапката по кривичната пријава  против Митко Чавков, како тогашен министер за внатрешни работи, и ЕБР за полициската интервенција на ЕБР за студентските избори пред СПУКМ. Повикана сум како сведок во Обвинителството за овој настан. Како што пред многу време рековме правда и одговорност за тепање студенти мора да има и ќе има.  Се надевам дека ОЈО ќе ја води постапката стручно и професионално во интерес на правдата, вели Туфегџиќ.

Кривичната пријава ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права против службени и раководни лица во МВР за спречување и оневозможување јавен собир, како и за малтретирање во вршењето на службата.

Изборите за нов претседател на Студентскиот парламент на УКИМ се одржаа на 30 јуни 2016 година во напната и тензична атмосфера меѓу Студентскиот пленум и раководството на Студентскиот парламент задолжено за спроведување на изборите. Тензијата кулминира кога доцна вечерта по завршување на гласањето, организаторите на изборите заедно со претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски, се заклучија во просториите на СПУКМ и ги пребројуваа гласовите, а пленумците протестираа пред зградата и бараа поништување на изборите, кога униформирани полициски службеници влегоа и го попречија влезот, а на улицата се паркираа многубројни оклопни возила. Според претстваниците на Хелсиншкиот комитет, полицајците ги ограничиле и повредиле основните права и слободи на студентите.

Г.Н.Р

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико